Човечките гениталии иако на изглед не толку привлечни, прикачени на вистинската личност предизвикуваат снажно возбудување. Во продолжение неколку факти за пенисот кои можеби не сте ги знаеле, а ќе направат да го цените уште повеќе 🙂

1. Зборот „пенис“ доаѓа од латинскиот збор за „опашка“

2. Најголемиот пенис во светот во еректирана состојба бележел должина од 32,3cm и ширина од 15,9cm

3. Просечна големина на пенисот во Европа е 14cm, и еден куп лажговци на GayRomeo 🙂

4. Магазинот Men’s Health пресметал дека 1 од 400 мажи може самиот да се задоволи орално.

5. Едно од 5-6 милиони машки бебиња се раѓа со два пениса.

6. И да, постои можност да си го скршите пенисот. 200 американски мажи секоја година се погодени од овој тип на фрактура најчесто при брутален секс, сексуални акробации или агресивно мастурбирање.

7. За ејакулација задолжен е ‘рбетниот мозок.

8. Просечен маж ејакулира 2 лажички сперма по оргазам која содржи 7 калoрии, а најчесто се исфрла со брзина од 45 километри на час. Во својот живот просечен маж ќе ејакулира прибложно 7,000 пати.

9. Во текот на еден ден мажот доживува 11 ерекции просечно, од кои 3-9 преку ноќта. Ноќните ерекции се нарекуваат „nocturnal penile tumescence“ и траат од 25 до 35 минути секоја.

10. За крај, верувањето за врската помеѓу големината на стапалото и пенисот е само мит. На Универзитетската болница во Лондон е направено истражување кое вклучувало 104 мажи кај кои не е забележана никаква врска помеѓу големината на стапалото и должината на пенисот.