Според најновото обемно истражување во Англија, половина од младите ЛГБТ лица страдаат од ментални здравствени проблеми, а дури 40% размислувале за самоубиство, нагласувајќи ја се поголемата неспособност на образовниот и здравствен систем да се справат со потребите и проблемите на овие личности.

Според извештајот, младите геј лица во Англија се соочуваат со генерациска ментална криза поради трендот на училиштата да ги занемаруваат ЛГБТ проблемите.

Од сознанијата до кои дојде Youth Chances Project при истражувањето се покажало дека 50 проценти самите се повредиле, а дури 42 проценти побарале медицинска помош поради анксиозност и депресија.

Едно од пет лица во истражувањето рекле дека биле физички нападнати во училиште. Поголемиот дел од нив ваквите случувања не ги пријавиле, а од оние кои го сториле тоа само мал дел чувствуваат дека проблемот бил решен.