Иван Маринковиќ го интересираше дали манекенот Борис Стаменковиќ е геј, прашувајќи го недолично и пред сите на фармата „Борис дали си ти геј?!“. Манекенот Борис Стаменковиќ и зборуваше на Мис Светлана за својата работа и кои се спотови и реклами ги има снимано како манекен, но и дека тоа му е само хоби, а стоматологијата приоритет пред се. Во нивниот разговор се замеша и Иван Маринковиќ, кој поријави интерес за сексуалната ориентација на манекенот. „Брат, дали си ти геј?“ праша Иван. „Апсолутно, не. Зошто зар така делувам?“ возврати Стаменковиќ. „Не. Прашувам, бидејќи знам многу геј луѓе кој кажуваат дека не се, а се. А ти и да си јас немам ништо против тоа“ продолжи Маринкович.

Во нивниот разговор се вмеша и пеачката Катарина Грујиќ и се обиде да му објасни на Маринковиќ дека не е вкусно што поставил такво прашање на некој кој го познава само еден ден. На сето тоа се надоврза и Јелена Јовановиќ додавајќи дека Иван со тој потег сака нешто да постигне и потенцираше на промена на темата.