Судејќи по насловите во американските таблоиди преостануваат уште 11 дена до официјалната промоција на новиот сингл на поп принцезата Бритни Спирс. Новиот сингл насловен „All eyes on me“ е дел од осмиот по ред студиски албум на Бритни. Од протечените информации дознаваме дека албумот ќе го носи името „Werk bitch“.

Видео спотот за „All eyes on me“ ќе се снима следната недела, а по одбројувањето поставено на официјалната страна на Бритни, кој завршува на 17-ти септември се очекува, освен синглот, да бидат објавени и повеќе информации околу новиот албум.