Бугарските пратеници го отфрлија Законот со кој беше предвидена забрана за јавно изразување на ЛГБТИ популацијата и нивно огранизирање со уште посериозни казни од оној во Русија.

Овој прелог закон на националистичката Атака, кој се стремеше кон промена на бугарскиот кривичен законик, предвидуваше казна затвор од 1 до 5 години и парични казни до 5000 американски долари за организирање или учество во настани, собири или паради за јавна манифестација на својата или туѓа хомосексуална ориентација.

Предлогот првично беше одбиен во ноември од парламентарниот совет за човекови права, а пред пратениците се најде во средата.

Пратеник од редовите на Атака, по неуспехот ја бранеше иницијативата изјавувајќи за бугарскиот „Новините“: „Геј пропагандата достигна ниво кое и се заканува на демографската ситуација на Бугарија“ додавајќи „Што ќе се случи ако излезам да прошетам со моите деца и налетам на тие мрсулковци со психички аномалии? Што е со правата на децата? Немаат ли тие право да живеат во нормални семејства?“