Студија на Универзитетот од Мелбурн, која разгледувала 315 родители и 500 деца, покажа дека децата на хомосексуалните двојки поседуваат подобро општо здравје и семејна кохезија.

Поголем број од партнерите кои биле предмет на истражување биле лезбејски двојки.

Водечкиот истражувач Сајмон Крауч за ABC рекол: „Ова е пред се мерило за тоа колку добро функционираат сопружниците, а со студијата се испостави дека истополовите двојки добро се согласуваат што индиректно се отсликува врз доброто здравје на децата од овие семејства.“

Со ова, а и прелиминарните наоди од истражувањата на истиот универзитет од минатата година, со заклучок дека децата од истополовите семејства се посреќни дополнително се демантира тезата дека децата во семејства со родители од различен пол поминуваат подобро.