По снимањето на првата епизода, Деми Ловато на својот твитер профил напиша „Love my fans!!! Can’t wait for you guys to see Glee!!!“, со што ги потврди гласините.

Познатата поп пејачка и жири на американската верзија на „X Factor“, Деми Ловато, потврди дека ќе се појави во новата сезона на „Glee“. За нејзината улога како лезбејка проговори Нија Ривера т.е. Саманта во популарниот тв серијал, изјавувајќи дека ликот на Ловато ќе покаже љубовен интерес кон Саманта.

Покрај „Glee“, Ловато се враќа и во втората сезона на талент шоуто „X Factor.“