Преубавата актерка, оскаровката Џулија Робертс ќе се појави во „Нормалното срце“ (The normal heart) , филм на HBO, базиран на претстава на Лери Крејмер која го отсликува почетокот на епидемијата од СИДА, претежно во геј заедницата, преку очите на геј активистот Нед Викс кој го толкува Марк Рафало.

Робертс е во улога на др. Ема Брукнер, која преживеала детска парализа и е најгласна во медицинските кругови за проучување на оваа болест.

Ликовите во Нормалното срце се базирани на вистински личности од животот на Крејмер и нивната борба со болеста која е исто релевантна денес, како што беше и во осумдесетите.

Освен Џулија Робертс и Марк Рафало, во филмот ќе се појават и Алек Болдвин, Метју Бомер, Џим Парсонс и други.