Уште една студија од островото. Истражувањето на Open University кое опфатило 5000 испитаници покажало дека геј двојките имаат посреќни љубовни врски од оние на хетеросексуалците.

Истражувањето финансирано од Британскиот економско-социјален истражувачки Совет имало за цел да утврди, како и покрај предизвиците со кои се соочуваат модерните двојки успеваат да ги одржат своите љубовни врски.

Сепак, геј двојките, во споредба со стрејт паровите се и оние кои покажуваат помалку емоции. Значително е помала интеракција на геј парот кога се работи за искажување на меѓусебната љубов во јавност, бидејќи, како што е опишано во студијата, стравуваат од неодобрување од страна на јавноста.

Истражувањето покажало и дека генерално посреќни се оние без деца, независно дали се работи за хетеросексуален или ЛГБТ брак.