Насир Флеминг ученик во средното училиште во Денбари, Конетикат се вклучил во трката за „кралица на матурската вечер“ иако не е трансексуалец и се чувствува како маж. Тој со оваа своја одлука сакал да им покаже на своите ЛГБТ соученици, па и на светот дека доколку нешто ве прави среќни, сторете го тоа, без разлика на вашиот род или сексуална ориентација.

Насир добил огромна подршка од своите соученици и на крај победил во трката за титулата.

Тој изјавил „Штом јас, како геј маж успеав да ја добијам титулата кралица на матурската вечер, што е надвор од мојот род, може секој, вклучувајќи ги и трансродовите лица“

Додавајќи „Добив голема подршка од моите соученици, но и огромна количината на негативни реакции. На крај бев изненаден што победив.“