Во студија која треба да биде објавена во февруарското издание на American Journal of Public Health (Американски Журнал за Јавно Здравје) покажала дека оние кои немаат предрасуди кон геј лицата живеат во просек 2,5 години подолго.

За потребите на студијата испитани се 20,226 лица во период од 1988 до 2008 година, од кои 4,216 лица починале до крајот на истражувањето.

На испитаниците им биле поставувани прашањата:

– Ако дел од луѓето во твојата околина предложат некоја книга со геј тематика да биде отстранета од јавната библиотека, би ја отстраниле книгата или не?
– Дали на отворено геј личност треба да и се дозволи да предава на колеџ или универзитет или не?
– Доколку некоја хомосексуална личност побара да зборува пред пвашата заедница треба да го одржи говорот или не?
– Дали сексуална врска повеѓу лица од ист пол е секогаш погрешно, речиси секогаш погрешно, понекогаш погрешно или воопшто не е погрешно?

По добиените одговори изстражувачите утврдиле дека оние со повеќе предрасуди кон геј лицата живеат пократко од оние кои се со поотворени умови.

Студијата не поврзува можни здравствени проблеми со хомофобијата, но еден од главните истражувачи верува дека гневот и зголемената срцева активност се причинители за покачување на крвниот притисок и срцеви заболувања.