Британскиот бенд One Direction, здружени со американски ланец на продавници ќе се борат против насилството врз геј популацијата.

Тие ќе донираат облека која ќе биде ставена на аукција, а се очекува да се достигне вредност од над 1 милион долари. Средства ќе бидат донирани на американските средни училишта за исполнување на каузата на кампањата. Аукцијата завршува на 17 септември, а секое парче облека на истата е носен од страна на членовите на бендот.

Хомофобичниот јазик и малтретирањето се мотивирани од предрасудите кои постојат кон лезбејките, геј луѓето или бисексуалците. Училишниот извештај од „Stonewall“ минатата година покажа дека повеќе од половина млади геј луѓе биле жртви на хомофобично малтретирање и речиси сите биле вербално нападнати со фразите “тоа е толку педерски” или “ти си педер”.

Повеќе детали околу аукцијата на Charitybuzz.com