Професор од христијански универзитет во Калифорнија бил приморан да ја напушти својата позиција поради својот родов идентитет.

Хит Адам Окли по признавањето пред студентите дека е транс-маж бил приморан да го напушти работното место. Му било речено дека универзитетот нема теолошки проблем со неговиот родов идентитет, но управата стравувала од реакцијата на донаторите, родителите и црквите со кои се поврзани.

Универзитетот претходно одбил да ги покрие медицинските прошоци на Окли за хируршка операција на гради и хормонална терапија.

Џозеф Рејс, студент на универзитетот изјавил „Тој влеа нова надеж во мојот живот и сум крајно разочаран поради неговото отпуштање“

Како голем верник, Окли цел живот страдал поради својот трансродов идентитет. По заминувањето од Азуса Пацифик Универзитетот добил неколку нови работни понуди од универзитети и институти.