Ако денес не сте екстровертни и го барате вашето место под светлото често ќе бидете етикетирани како чудаци. Во селфи ерата срамежливите луѓе се се поголема реткост и мистерија.

Срамежливоста нема никаква врска со малата самодоверба, сепак срамежливите момци потешко се убедуваат дека му се допаѓаат некому, а поради тоа тие подолго ќе останат во својот оклоп, се додека не проценат дека е безбедно да се отворат.

Голем број мажи денес ќе направат се да бидат забележани, па така муабетот често се врти околу нив самите. Срамежливите пак се мистериозни без никаков напор. Наместо да се откажете од нив обидете се да размислувате како нив, можеби токму во тоа момче се крие вашата сродна душа која не смеете да ја пропуштите.

Еве неколку знаци кои укажуваат дека му се допаѓате:

– Ќе го тргне погледот од вас доколку го забележите

Срамежливите луѓе имаат активен внатрешен живот. Ним покомфорно им е да размислуваат и чувствуваат отколку да го покажуваат тоа надворешно. Имајте на ум дека во моментот кога ве посматраат го блокираат целиот свет околу нив и се фокусираат единствено на вас се додека не го прекинете. Тој научил дека неговата имагинација е негов најдобар пријател, а кога некој ќе го забележи во таква ситуација стануваат помалку нервозни.

– Ќе избегнува директна комуникација со вас

Срамежливите момци ќе го најдат најлесниот начин да искомуницираат со вас. Па така наместо да го прават тоа директно ќе зборуваат со групата како целина. Ако се подалеку можно е и да го повишат тонот со цел да го слушнете. Обидете се да не го сфатите ова како недостиг на храброст. Тој само се труди да си ги собере мислите.

– Ќе се потруди да изгледа попаметен отколку што е

Додека екстровертите се трудат да ве импресионираат директно, срамежливите момци ќе го направат тоа незабележителни. Една од техниките со која се користат е да го сврат вашето внимание од далеку, споделувајќи информации индиректно. Па така не ретко некому му држат предавања за политика, книги, историја често погледнувајќи ве да проверат дали слушате и вие, што им значи премногу. Тој не ретко ќе се послужи и со својот телефон да докаже дека е во право.

– Поставува глупи прашања

Дајте му признание што воопшто собрал храброст да ви пријде. Најважно е да не направите да се почувствува незгодно што воопшто се потрудил. Глупите прашања не значат дека е неинтелигентен, значи дека е нервозен и не може да се сети на попаметни теми за разговор. Потребата да разговара со вас е посилна од потребата да изгледа прибран. Шансите се дека станува свесен за глупавоста на поставеното прашање веднаш откако ќе го изговори. Обидете се да му се доближите дискретно пред да се дистанцирате.

– Ќе стане по малку циничен

Бидејќи му е претешко да мисли на артикулирани теми за разговор можно е да се послужи со цинизам во разговорот. Поседувајќи остар јазик тоа му е најлесен начин да разговара без да се вознемири. Со инстантно здобиената „моќ“ ќе се чувствува покомфорно да започне разговор со вас. Често задевањето е број еден знак дека му се допаѓате.

– Тие се подготвени да ви завршат услуга

Понекогаш тешкотијата да разговараат со вас ќе ја заменат со акција. Ако забележите дека се нестпливи да направат нешто за вас, на пример; да ви дотурат од пијалокот, да ве пренесат некаде… знајте дека или сакаат да се ваша близина, сакаат да покажат дека се доверливи или допуштаат дејствијата да зборуваат погласно од зборовите. Ова се знаци на наклонетост. Дајте му признание за тоа бидејќи големи се шансите повторно да се врати во својот оклоп.