Лејди Гага се приклучува кон напорите на Џорџ Тeкеи и Стивен Фрај повикувајќи за преместување на Зимските Олимписки игри кои треба да се оджат во Русија.

Таа рече дека некој кој се грижи длабоко за човековите права нема смисла да присуствува на место каде што ЛГБТ заедницата е жртва на владина анти-геј пропаганда.

Зборувајќи за “Sun”, изјави:

Јас толку многу се грижам за овие прашања и мислам дека не треба да и носиме профит на било каков начин на земја која наметнува недостаток на еднаквост и човекови права. Во земја каде што се случува толкава злоупотреба на младоста, како е можно да насочиме толкаво внимание на тој дел од светот и да ги наградиме за тоа? За мене тоа е шокантно, но повторно секој еден мисли дека Мајли Сајрус е шокантна и тоа е светот во кој живееме.

Ваквото однесување е очекувано од Гага, која претходно се има изјаснето за прашањата поврзани со ЛГБТ заедницата и дури има добиено признанија за тоа.

Да потсетиме дека Гага тукушто настапи на iTunes фестивалот во Лондон и ги претстави сите нови материјали од новиот албум “Artpop” кој ќе биде лансиран на 11 ноември.