ЛГБТ заедницата е виновна за поплавите на Балканот пресече бордот на директори на Српската и Црногорската православна црква. Според нив оваа природна катастрофа е Божји одговор на победата на Кончита Вурст на Евросонг.

Откако поплавите однесоа повеќе од 50 човечки животи и се створи потреба да се упатат молби за упокоение на жртвирте, еден од челниците, господинот Амфилохије, управител на православната црвка во Црна Гора, почувствува простор да се зајакне пазарната позиција на Црквата, па наместо молби за настраданите им се обрати со порака на верниците или клиентите во нивни очи: „Ова не е случајност, ова е предупредување. Господ ни ги прати дождовите како потсетник да не и се придружиме на дивата страна“ пренесува Лондонски Телеграф.

Што за нас не е изненадување. Во капитализмот, кога станува збор за пазарно позиционирање се е дозволено. Црквите на Балканот беа со врати ширум отворени, за клиентите да се помолат и запалат свеќи за настраданите, по симболична цена од околу 10 денари по парче.

Додека цел Балкан се солидаризираше со жртвите од поплавите, во канцелариите на Црквите во Белград и Подгорица се дебатираше и беше изведен заклучкок дека Господ решил да ги казни токму земјите во кои ЛГБТ лицата немаат никакви права, изолирани се и на секојдневен удар на црквата и општеството. Пошто, нели, единствено така би било логично.


anigif_enhanced-buzz-27919-1366673507-5