Во реалното шоу Celebrity Big Brother UK во кое моментално учествува Ли Рајан, член на бој бендот Блу призна дека имал секс со маж изјавувајќи „Сите имаме експериментирано, јас сум шетан човек“

Британските медиуми веќе шпекулираат дека таинствениот маж со кого Ли имал секс е Данкан Џејмс, негов колега од бендот кој јавно призна дека е бисексуалец пред четири години.

Тие двајцата од претходно се поврзуваат со секс скандали по признанието дека заедно учествувале во тројка со девојка.

Ли е татко на син од неговата поранешна девојка Семи Милер, а освен со својата геј исповед во моментов е актуелен по таблоидите и со љубовниот триаголник со модлот Кејси Бачлор и актерката Џезмин Волтз во кој се најде во шоуто.