Фејсбук ги претстави стикерите со ЛГБТ тематика во чест на Месецот на гордоста. На стикерите се прикажани геј и лезбејски двојки, трансродови лица и по некоја стереотипна илустрација. Овие стикери се достапни бесплатно, на маркетот за стикери, а можат да се користат при приватна комникација, преку чет системот на социјалната мрежа.

Овој потег е позитивно дочекан од ЛГБТ заедницата, а истиот се очекува да има и позитивно влијание за зголемување на видливоста на квир луѓето и проблемите со кои се соочуваат.

Претходно, како признавање за правото на сопствена декларација на лицата со поинаква родова ориентација, Фејсбук воведе и индивидуализирани опции за род.

10364031_539447086161409_5596841585460562197_n