Според истражувањето на Универзитетот од Монтреал, објавено во „Psychosomatic Medicine“ магазинот, геј и бисексуалните мажи се посреќни од стрејт мажите.

Истражувачите собирале информации од повеќе лезбејки, геј, бисексуалци и стрејт Канаѓани, меѓу кои и такви кои сеуште се „во плакарот“ и дошле до заклучок дека ЛГБ лицата, кои во поглед на својата сексуалност живеат отвотрено многу помалку страдаат од анксиозност и депресии за разлика од хетеросексуалците и затворените геј и лезбејки.

Роберт Пол Џастер, водечкиот автор на студијата, објаснува дека една од причините за ваквата појава можеби е и почестото вежбање и здравата исхрана кои ги практикуваат хомосексуалните мажи, но не ја исклучува и можноста отворениот разговор за својата сексуалност со своето семејство и пријатели да влијае на резултатите.

Помеѓу заклучоците од истражувањето е нотирано и дека отварањето пред семејството и пријателите има позитивен ефект врз здравјето и благосостојбата на сексуалните малцинства.

Џастер додава дека излегувањето од плакарот повеќе не е само популарна дебата туку прашање на јавното здравје.