Конечно е потврдена датата за долгоочекуваниот „Secret Project“, соработката помеѓу Мадона и американскиот фотограф Стивен Клејн ќе биде објавена на 24-ти овој месец.

Информацијата за новинарите ја потврдила Мадона која од Хитроу аеродромот заминала за Њујорк. Освен потврда за датата, Мадона ги насочила и на интернет страната каде се објавени трејлерите од проектот.

Се верува дека „Secret Project“ е 19 минутен филм кој се справува со проблемите од насилството, расизмот и социјалните неправди, а содржи и нов сингл од поп кралицата.