Ѕвездата на Will & Grace, по неуспехот со сопствената ситком серија „Шон го спасува Светот“ се враќа на екраните како дел од тимот на „The Millers“ која се прикажува на CBS.

Шон ја потврди информацијата на твитер изјавувајќи: „Возбуден сум што можам да потврдам дека им се приклучувам на луѓето од „The Millers““

Во двете претходни ситком серии Шон Хејс, кој и во приватниот живот е отворено геј, играше геј карактер. Сексуалната ориентација во втората сезона од „The Millers“ сеуште е тајна.