По Амстердам, Берлин, Сан Франциско и Сиднеј, Тел Авив е последниот во низата градови со подигнат споменик во чест на ЛГБТ популацијата која била жртва за време на Втората светска војна.

На споменикот кој се наоѓа во парк пред ЛГБТ општинскиот центар во Тел Авив на хебрејски, англиски и германски е напишано „Во спомен на оние што беа прогонувани од страна на нацистичкиот режим поради својата сексуална ориентација и родов идентитет“

Ова е прв споменик во Израел кој воедно признава еврејски и нееврејски жртви.

За време на Холокаустот, тајната полиција на Германија поседувала список со имиња на повеќе од 100.000 хомосексуалци од кои 15.000 се убиени низ концентрационите логори во периодот од 1930-1940та година.