Суд во Обединетите Арапски Емирати ја потврди шестмесечната казна затвор за двајцата мажи кои практикувале геј секс.

Анонимната двојка е осудена на шест месеци затвор поради намерно извршување акти на „содомија“ јави националниот весник The National, кој наведува дека за таквиот чин постоеле форензички докази.

Двајцата мажи пред судот изјавиле дека ваквите обвинувања се неточни и дека нивното признание е направено под притисок од полицијата.

Хомосексуалноста е строго забранета во О.А. Емирати, а на обвинетите им се закануваат казни од неколку месеци затвор па се до смртна казна.