Константин Алтунин, уметникот кој стои зад сликата на рускиот претседател Владимир Путин како носи женска облека ја напушти Русија барајќи политички азил во Франција.

Полицијата во рускиот град Сан Петерзбург оваа недела заплени голем број на уметнички парчиња, вклучувајќи го и сатиричниот портрет на претседателот Владимир Путин како носи женска долна облека, со белешка “прекршување на неодредени закони” без притоа да прецизира кои. Земјата има закон против навреда на власти, кој носи казна затвор и до една година.

Нападите во галеријата при „Музејот на моќта“ во Сан Петербург беа направени од страна на полицијата веднаш по извештаите дека изложбата, насловена како „Лидери“ е нелегална.

Алтунин, наводно, му испратил писмо на Путин барајќи враќање на неговите слики и ја изрази својата намера да ја тужи Руската Федерација за кражба. Сите членови на самитот на Г20 имаат добиено писмено известување од Алтунин, барајќи од нив да го покренат прашањето за цензурата во Русија за време на приватните разговори со Путин.

Музејот, каде беше изложена спорната изложба повторно ќе биде отворен на 5 септември. Александар Донској, сопственик и куратор на истиот има намера да го покаже остатокот од изложбата Алтунин, на само еден ден, пред да ги испрати сликите назад кај уметникот.