Ѕвездата на „Prison break“ Вентворт Милер на вечера организирана од Human Rights Campaign (HRC) ја раскажа својата животна приказна. Со искрени емоции на присутни им раскажа за животот во „плакарот“ и за потребата јавно да признае за својата сексуална ориентација.

Вентворт Милер се аутираше со писмено одбивање на поканата за присуство на руски филмски фестивал. Ваквата негова одлука беше иницирана од анти-геј законот што го потпиша руската влада, а која налага забрана на секакво ЛГБТ пропагирање во нормална или позитивна конотација.

Чад Грифин, претседател на HRC на вечерата изјави: „Одлуката на Милер јавно да се декларира како геј, праќа силна и инспиративна порака за целата ЛГБТ заедница во земјата дека е во ред да се биде отворен и искрен за тоа што сте“

Во продолжение говорот на Вентворт Милер…