Две транс жени биле навредувани и претепани во воз во Атланта додека останатите снимале со своите мобилни телефони и ги охрабрувале напаѓачите.

Мажите ги следеле на возот пред да почнат со удирање и влечење на нивната облека.

Џанел Крозби и Тајра Вудс по инцидентот рекле дека биле на пат до посакуваната станица кога група на мажи почнале да ги задеваат и довикуваат трансфобични изјави.

Полицијата задолжена за безбедност при сообраќај ги разгледува видео доказите од настанот со цел да ги идентификува напаѓачите и превземе соодветни мерки против истите.