Во средата на 16.07.2014, со 82 гласа за, 6 против и 1 воздржан, без опозиција, во Собранието на Р.М. беше изгласан предлогот за пристапување кон измени на Уставот на државата. Една од точките за дополнување на највисокиот правен акт е и уставното регулирање на бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена.

Но, надвор од портите на Собранието, веднаш по изгласувањето на предлогот се создаде живописното виножито кое беше видливо од речиси сите краеви на градот.

Случајност? – Можеби…

Неколку фотографии, за кои сме му благодарни на еден од нашите читатели.