Во новата, интерактивна кампања на CocaCola, со која на фановите им е дадена можност да персонализираат виртуелна лименка CocaCola, забрането е внесување на зборот ‘Gay’.

Маркетинг кампањата која започна во Јужна Африка, при внесување на зборот “Gay” враќа порака за грешка која гласи “Oops. Let’s pretend you didn’t just type that.” или „Упс, ајде да се преправаме дека не го напишавте тоа“.

Освен “gay”, забранети се и зборовите “homo”, “sex”, “fuck”, “dyke”, но не и “straight”.

CocaCola, Visa, McDonalds и други компании, спонзори на Олимписките игри во Сочи, Русија се најдоја на напад на активистите за човекови права поради својата незаинтересираност да го кренат гласот против анти-геј законите и акции во Русија.